Home Вести Боки 13 ја дозна одлуката за тоа дали ќе излезе од Шутка

Боки 13 ја дозна одлуката за тоа дали ќе излезе од Шутка

Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Бојан Јовановски – Боки 13, по одлуката на Кривичен суд за продолжување на притворот на првоосмничениот во случајот „Рекет“.

Боки 13 вчера на јавна седница побара укинување на притворот, и замена со домашен притвор, при што како образложение ја искажа неговата нарушена здравствена состојба. Тој на седницата присуствуваше со адвокатот Сашо Дуковски.

„Треба за овој случај да бидам жив, а не мртов. А, мојата здравствена состојба е животнозагрожувачка“, рече Боки 13 на давањето исказ во Судот.

Боки 13 останува во притвор откако денеска Апелација не ја прифати неговата жалба да му се укине мерката притвор.

Поради завршената истрага за „Рекет“, но и поради фактот што неговата здравствена состојба е животозагрозувачка, Апелација смета дека сѐ уште постојат услови тој да избега, па затоа останува во притвор. Адвокатите најавија и жалба до Основниот кривичен суд откако му беше продолжен притворот по вторпат. Тие сметаат дека олеснителна околност е завршената истрага на Вилма Русковска.