Home Естрада Во Македонија исвиркана, во Мадрид пречекана како кралица – овации на отворена...

Во Македонија исвиркана, во Мадрид пречекана како кралица – овации на отворена сцена за Тамара (ВИДЕО)

Тамара Тодевска на настапот во амбасадата на САД ги „избриша“ Илинденците од македонската химна: Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Сандански… прескокнати во изведбата! (ВИДЕО)

По оваа како што вели таа ненамерна грешка, Тодевска се извини на јавноста истакнувајќи дека понесена од возбудата ја заборавила таа сторфа од химната. Ова наиде на осудувања и негативни коментари при што мораше да ги откаже своите настапи во Македонија, поточно во Охрид и Прилеп.

Меѓутоа, Тамара има закажано настапи надвор од државата, поточно во Мадрид, Данска и Германија.

Во Мадрид настапуваше овој викенд, а ако судиме по објавите на социјалните мрежи може да заклучиме дека си поминала одлично. Имено, салата каде настапуваше Тодевска беше полна, а сите во глас ја пеејаа нејзината „Proud“.