Home Естрада (ФОТО) Најново од Ирена Спасовска: По разводот и ,,слободните” фотки ова лето,...

(ФОТО) Најново од Ирена Спасовска: По разводот и ,,слободните” фотки ова лето, таа сега сака да се ,,стегне”

За фолк пејачката Ирена Спасовска, до пред неколку месеци не ни слушавме. Таа работеше по локали, пееше по фестивали, но беше во длабока сенка на своите колешки од естрадата.

Но, во еден момент беше објавено дека се разведува од својот долгогодишен сопруг, новинарот Орце Гелевски, кој изјавуваше дека го изневерувала.

Како и да е, тие се разделија, а Ирена почна се почесто да се појавува по медиумите. Таа летово неколку пати објави серија ,,разголени# фотографии, за кои коментарите беа поделени. Од тие дека им се допаѓа тоа што го прави, се до коментарите дека не и личи на возраста, кои рака на срце беа побројни.

Најново од Спасовска е дека почнала да вежба. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од теретана и од својот, претпоставуваме личен тренер.

Loading...