Home Вести Градоначалникот на Штип, Бочварски со награда од 500 евра за златото на...

Градоначалникот на Штип, Бочварски со награда од 500 евра за златото на Павлов

Денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски го прими во својот кабинет најдобриот македонски спортист, Емилк Павлов, кој во Премиер лигата во Москва го освои златнииот медал со шест победи. На приемот присуствуваа и еден од тренерите Жарко Арсовски (оравдано беше отусетен Сашко Арсовски), и претседателот на Комисијата за спорт во Советот на општината, Елмир Мандак.

Градоначалникот Благој Бочварски му додели еднократна парична помош на Емил ПАВЛОВ од 30 илјади денари и најави дека во идната години во Буџетот ќе се планираат средства за најдобрите резулатати на спортистите, со одредени критериуми.

Градоначалникот Бочварски истакна дека е горд на постигањата на Емил Павлов и го нарече македонски Меси., македонска спортска икона.

Честитки за европскиот карате гигант, штипската и македонска гордост Емил Павлов 🥇🥋

Публикувахте от Bocvarski Blagoj в Вторник, 8 октомври 2019 г.

Емил Павлов се заблагодари на градоначалникот за приемот и вети нови успешн и резултати и пласман на ЛОИ во Токио.
„До крајот на годината ќе учествувам на уште една Премиер лига во МАДРИД, во почетокот на идната година, се до април, ме очекуваат уште четири настапи, Европското првенство и финалнииот турнир за исполнување нормата за ЛОИ во Токио.

На финалниот турнир во ПАРИЗ можат да учествуваат само по еден каратист од една држава. Со освоен медал во Париз ќе патувам на ЛОИ во Токио. Убеден сум дека јас ќе освојам медал и на финалниот турнир во ПАРИЗ…“- изјави Емил ПАВЛОВ.

Loading...