Home Естрада Ја издадоа огледало – наочарите: Бившата на Кајмакоски постираше фотка на која...

Ја издадоа огледало – наочарите: Бившата на Кајмакоски постираше фотка на која се гледа друг маж (ФОТО)

Даниел Кајмакоски учествува во новата сезона на „Твоето лице звучи познато“ и се соочува со огромни проблеми по објавената фотографија на која тој седи со скрстени раце, покажувајќи ги лакираните нокти, а српската јавност фрла дрва и камења сомневајќи се дека тој намерно тоа го направил за да провоцира прикажувајќи орел.

Даниел денес зачудено реагираше на таквите пишувања, напоменувајчи дека ни на крај на умот не му дошло да прави некакви провокации. Истовремено тој се закани со адвокати на медиумите кои ја конструирале таквата вест.

Од друга страна пак, неговата поранешна сопруга, Кристина Димитриевска, која неодамна заплови и во музичките води, станува сè попопуларна. Таа објави неколку фото сесии во разголена варијанта, а дефинитивно привлече внимание и со песната и спотот.

Но, се чини таа беше малку невнимателна со една фотографија. Или можеби не? Како и да е, во одблесокот/огледалото од очилата се гледа машка личност. Дали е тоа нејзиниот нов дечко, ќе покаѓе времето.

Loading...