Home Естрада Калиопи го прекина концертот во Босна поради една причина (ВИДЕО)

Калиопи го прекина концертот во Босна поради една причина (ВИДЕО)

Калиопи Букле веќе неколку години по ред го носи својот куфер полн со љубов и песна, а го отвара и го дарува на концертите на своите фанови.

Добро познато е дека Опи секогаш е добредојдена и во државите во регионот, поточно во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора каде што има не само фанови, туку пријатели и добри колеги.

Опи деновиве ја започна својата турнеја во Босна и Херцеговина, односно имаше настап во Мостар каде што пулбиката ги пееше нејзините песни.

Опи имаше настап и во Сараево во „Домот на млади“, а понесена од атмосферата таа изјавила дека е штета што никој не ги снима аплаузите.

На концертот во Сараево уживаше и добро познатата пејачка Ханка Палдум поради која Опи накратко го прекина концертот за да се поздрави со својата колешка. Ханка на својот „Инстаграм“ сподели видео од средбата, а во описот напиша: „се сакаме“.

Видеото погледнете го ТУКА

Loading...