Home Вести Македонија Каракамишева им се обрати: Драги сограѓани Албанци – политичарите ве лажат

Каракамишева им се обрати: Драги сограѓани Албанци – политичарите ве лажат

Статус на Тања Каракамишева:

,,Драги сограѓани Албанци, кога ќе разберете дека човековите права се, пред се, ЛИЧНИ ПРАВА, а дури потоа колективни, малцински, како сакате наречете ги, тогаш Македонија ќе стане држава во која навистина ќе владее правото.

Се дотогаш можеме да глумиме дека имаме правна држава и да се преправаме дека е се во ред!

Политичарите Албанци треба да престанат да ве лажат и да ве манипулираат во корист на нивните бизнис интереси.

Човековите права не се трговија па да се трампаат зависно бизнис интересите на една или друга партиска група.

Тие се цивилизациска вредност и како таква ќе бидат почитувани во државата без разлика кои политички шибицари се на власт!”