Home Естрада Елена Ристеска за односот со Тамара Тодевска – Кој и да е...

Елена Ристеска за односот со Тамара Тодевска – Кој и да е тој, нема да му успее

На веб-порталот „Слободен печат“ се појави информација дека другарството меѓу пејачките Елена Ристеска и Тамара Тодевска одамна завршило.

Ниту Тамара ја следи Елена, ниту пак Елена ја следи Тамара. Ако до вчера можевме да гледаме фотки од нивни заеднички седенки во друштво на Каролина Гочева, Весна Бејби и други познати лица на македонската јавност, повеќе не е така.

Женски Магазин ја дознава точната приказна, од прва рака, поточно од Елена Ристеска која е тотално изненадена од ваквата информација.

– Скарани? Јас таква информација немам, првпат слушам. Последните пораки мои и нејзини се поддршка за сѐ што ѝ се случуваше, а од нејзина страна благодарност што сум тука за неа од кога сме се запознале. Некој сака да направи некаков хаос, но нема да му успее…кој и да е тој- изјави Ристеска за Женски Магазин.

Loading...