Home Вести Македонија Поддршка за Ременски од здружение на власите: Мушатá Фросина, аравдã ши ну...

Поддршка за Ременски од здружение на власите: Мушатá Фросина, аравдã ши ну ти дá! (Убава Фросина, трпи и не дај се!)

Соопштение од ,,Унија за култура на власите во Македонија”

Јас сум Димо Н. Димчев, за многумина активист по „Влашкото прашање“ во Македонија, ама сега се јавувам во друго својство. Не сакам погрешно да бидам разбран, ама ме заболе душа од тоа што го читам денес на сите страни – се обвинува почитуваната Фросина Ременски, за не знам каква замешаност во некоеси „Рекет“.

Мене, искрено кажано, ме боли другата страна на фактот – таа е Влаинка, по татко, што значи таа е од моите. И, јас, нели, според онаа народната „Крвта вода не бидува“, ме заболе и си реков:

„Зарем е можно една моја Влаинка така да биде черечена, и никој да не застане во нејзина одбрана?“ А кој да застане? Сите Власи се зафатени/ заразени со помислата: Во овие матни времиња, дај да ушиќариме што може да се ушиќари!“

Добро, можеби почитуваната Фросина Ременски многумина, од обвинителите. самсарите на режимот, опозиционерите, лајачите, свиркачите и др. од онаа латинската Еjusdem farina, кои гледаат да зафатат некоја ронка од некој помрсен колач или некоја плешка, како што се вели од народот, напаѓаат и удираат на кутрата моја Влаинка!

А што ако, да речеме, ова/ тоа убаво кукличе била седната таму да ја гледаат другите, а таа да вргољела очи на тоа што го слушала и гледала дека се случува. Затоа, сметам дека прерано и сите ја осудија, па дури и господинот Зоран Заев, многу бргу-бргу се изјасни дека ќе ја отстранел. Ете колку се ценети и сакани Власите, си велам јас!

Почитувани господа, а што ако убавата Фросина Ременски, Влаинка невина, се нашла на една раскрсница, која води „никаде“ и не знаела да излезе од никоја врата?! Да си кажам искрено, јас и сум малку зашеметен од тоа што го читам. И мене, иако не ми се заканува никаква опасност (А од каде пак јас ова да го тврдам!?), не ми е јасно која е опасноста во која божем западнала мојата Влаинка Фросина Ременски? Има многу случаи каде се бараат курбан/ жртви! Има! Е па јас мислам дека таква курбан-жртва е и мојата Влаинка Фросина Ременски!!

Ги молам сите Власи, оние, де, малку поштените, да застанат зад нашето барање, и да ја браниме колку можеме нашата Фросина Ташева, по татко Влаинка од Аџибегово, Светиниколско! Јас многу сум среќен кога читам: „Не дај се Инес!“ Ама и на она препливување на Ла Манш од една Фросина!

Мушатá Фросина, аравдã ши ну ти дá! (Убава Фросина, трпи и не дај се!) Dixit et salvavit animam meam! И уште една сентенција: “Qvousdem тандем Catilina abutere patientiam nostrum!” Односно: „До кога, најпосле, Катилина/ Македонците, ќе ја злоупотребуваат нашата стрпливост?“

Со почит,

Димо Н. Димчев, Унија за култура на Власите од Македонија

Loading...