Home Вести Сега нема дилеми: Познато кој висок функционер на СДСМ се терети за...

Сега нема дилеми: Познато кој висок функционер на СДСМ се терети за „Рекет“

Според инфомрации на Телма од обвинителството првоосомничен во проширената истрага за измама и перење пари е претседателот на Меѓународниот сојуз Бојан Јовановски, Јасна Мандиќ директорка на Меѓународниот сојуз и асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова. Телма дознава дека осомничениот функционер во истрагата на обвинителството е Фросина Ременски.

Според нашите информации, осомничен е и Миле Јовановски, татко на првоосомничениот Бојан Јовановски и директор на 1ТВ.

Мерки на претпазливост ќе се бараат и за тројца од четворицата нови осомничени, додека за еден кој е дел од Меѓународниот сојуз ќе се бара притвор. Неофицијално, станува збор за Јасна Мандиќ која е заменик-претедателка на Меѓународниот сојуз.

Ременски беше повикана да даде исказ на 4 септември каде беше речиси повеќе од два часа.

Пратеничката Фросина Ременски тогаш во изјава за медиумите појасни дека била повикана како лице од кое се земаат одредени известувања да даде одговор за се што е поврзано со случајот „Рекет” како и со Меѓународниот сојуз.

„Сите прашања поврзани со Меѓународниот сојузи и облигационите односи што ги има со лица и фирми, јас немам лично присуство, во контекст на она што беше побарано да го дадам како одговор на одредени прашања јас го одговорив. Убаво е да се интересирате за одредени случаи, но сепак останатите прашања ќе ги оставам на надлежните органи. Ќе се воздржам од коментари дали мојата функцијата била злоупотребена или не”, изјави Ременски по исказот тогаш.

Loading...