Home Живот (ВИДЕО) Жител на Ќерамидница: Еве ти пари па крши главе

(ВИДЕО) Жител на Ќерамидница: Еве ти пари па крши главе

Оваа црвена линија стои на една од улиците во скопската населба Ќерамидница. Жителите овде, велат дека истата покажува каде ќе поминува булеварот кој ќе се протега од Аеродром до Гази Баба.

Сепак, луѓето од соседството и самите се во недоумица чии куќи се испречени пред проектот за изградба на булеварот АСНОМ и чии објекти треба да бидат урнати. Воопшто не сакаат да слушнат за малку пари да се отселат.

Пред два дена, советниците коишто се мнозинство во советот на општина Гази Баба, го обвинија градоначалникот на Скопје дека нуди 400 до 500 евра за метар квадратен.

Паушални се тие изјави одговори денес Шилегов. Тврди дека нуди повеќе пари за експропријација, а жителите на Ќерамидница се добредојдени на преговори во Градот.

„Од тие пари што ќе ми ги дадат, нема да може една кола да земеме. Еве ти пари, па крши глава – кај да кршиш, не е тоа како што тие мислат, како  едно време“, вели еден од жителите

Извор Телма ТВ

Loading...