Home Вести Македонија Заев вели денес дознал но уште пред некој месец Ременски беше сменета...

Заев вели денес дознал но уште пред некој месец Ременски беше сменета од потпретседател на СДСМ

Фросина Ременски, која беше потпретседател на СДСМ и Александар Кирацовски како генерален секретар, уште пред некој месец беа отстранети од партиските функции во партијата.

Тогаш претседателот на партијата таквите потези ги оправда како неопходно партиско проветрување, но, можеби имале информации за ова што се случува денес. Имено, јавниот обвинител соопшти дека ќе има проширување на истрагата, а една од новоосомничените е токму Фросина Ременски.

,,Јас на симнување ја добив информацијата дека има соопштение или изјава, а сега вие кажувате за кои лица се однесува, односно за потпретседател на Собрание.

Ние секојпат сме го кажувале нашиот став, кога некое лице ќе биде осомничено, обвинето или слично, тогаш ја применуваме мерката на санкции која што значи времено отстранување за да си докаже невиност, вратите се отворени секогаш за секој. Ако се бориме за владеење на правото и еднаков третман за сите пред законот, тоа мора да го почитуваме без разлика дали се однесува и на сите нас носители на одредени партиски или општествени функции”, рече денес Заев.

Loading...