Home Естрада Блазе им на Македонците во Австралија – во Ноември на гости после...

Блазе им на Македонците во Австралија – во Ноември на гости после 8 години им доаѓа Танец

Националната установа, Ансамбл за народни песни и игри на Македонија, “Танец” претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении и важи за најголемиот амбасадор на македонскиот фолклор ширум светот.

После 11 години, на огромно задоволство на сите наши македонци, “Танец” заминува на голема турнеја во Австралија и ќе одржи неколку концерти низ повеќе градови. Како што вели Милан Завков, првото лице на Оркестарот, составот кој ќе патува за Австралија е веќе одбран, па со нетпрение ја очекуваат дружбата со нашинците кои живеат во оваа далечна земја.

-Да, ние веќе се подготвуваме и при крај се подготовките. “Танец” е секогаш подготвен за вакви убави и големи турнеи. Последен пат бевме во 2008-ма година, имавме успешна турнеја и одржавме повеќе концерти низ градовите каде што ги има нашите македонци.

И ете после 11 години повторно “Танец” во Австралија. Ова беше подолг период и се надевам дека ќе има голем интерес бидејќи го презентираме она што е најубавото од Македонија, фолклорот, песната, играта и музиката.-истакна маестро Милан Завков кој воедно е раководител на Оркестарот на Танец.

Ќе одржат вкупно пет концерти од кои два во Мелбурн, еден во Канбера и уште два концерти во Сиднеј. На турнејата во Австралија, составот на Танец заминува на 11-ти ноември, а ќе останат до 27-ми истиот месец.

Целиот текст прочитајте го на Естрада Плус

Loading...