Home Естрада (ФОТО) Голема радост – македонскиот пејач за првпат стана татко

(ФОТО) Голема радост – македонскиот пејач за првпат стана татко

Македонскиот поп-пејач Дарко Илиевски со сопругата Ивана со која се венчаа во октомври 2016 година се пресели на Флорида, САД, каде што со години живееше неговиот дедо или поточно таткото на невестата, која е ќерка на познатиот ДЈ Славе Келешовски, кој трипати беше избран за најдобар диџеј во Југославија.

Дарко и неговата сопруга уживаат на Флорида, а деновиве имаат уште еден повод за славење. Далеку од границите на Македонија, Дарко и Ивана уживаат во заедничкиот живот и во рајот што го нуди Флорида.

Имено, Илиевски на својот „Инстаграм“ сподели радосни вести, односно тој и Ивана станаа родители за првпат.

„8ми октомври 2019 е најсреќен ден во мојот живот. Мојата кралица ми роди син како најголем поклон за 3 години од нашиот брак.Фала ти сонце мое. Драсги пријатели се роди Матео“, напиша пејачот на социјалните мрежи.

Loading...