Home Естрада (ФОТО) „Натали дај му на човекот“ повторно блесна

(ФОТО) „Натали дај му на човекот“ повторно блесна

Во период одд 9-ти до 14-ти октомври во Нови Сад се одржува Недела на модата, каде што српските модни дизајнери, како и странските учесници, ги претставуваат своите колеции пред љубителите на модата и автентичниот дизајн.

Помеѓу присутните во публиката се најде и нашата поранешна манекенка Натали Грубовиќ, која позираше пред фотографите.

За оваа пригода, убавата Натали се одлучила за проверена и модерна комбинација сочинета од плисирано црно здолниште, споено со корсет од црна тантела со длабоко деколте, а завршниот стилиски печат избрала моторџиската јакна и минималистички сандали.

Бидејќи настанот се случува во Нови Сад, градот каде што таа живее откако се омажи, Натали не го пропушти случувањето за да ги погледне новите модни креации, а со тоа покажа дека модата се’ уште е нејзина голема љубов, иако веќе не чекори по модните писти.

Познатата бинго-девојка и водителка Натали Грубовиќ се омажи во Србија. Гламурозна свадба во белградскиот хотел „Хајат“ подготвија двајцата младенци. Избраникот на Натали е српскиот бизнисмен од Нови Сад, Дрен Глушац. Иако веселбата се случи во Белград, заедничкиот живот ќе го продолжат во Нови Сад. Во Македонија, Натали стана позната како соработничка на извонредниот Игор Џамбазов, но и покрај тоа имаше солидна кариера во манекенството и како фото-модел.

Loading...