Home Живот Благодарност до баба ми: Мојата прва плата и ја подарив, еве зошто

Благодарност до баба ми: Мојата прва плата и ја подарив, еве зошто

Баба ми беше најголемата потпора во животот. Мајка ми често се разведувала во животот, а јас сум нејзино дете од трет брак. Кога бев уште многу мал, таа ме остави кај баба ми и се премажи во друга земја, а мене ме заборави. Татко ми никогаш не дојде да праша за мене.

Бама ми ми беше и мајка и татко, и другар и другарка, со еден збор ми беше сè. Живеевме од нејзината скромна пензија, а често одеше и по куќи да чисти кај “млади домаќинки” во нашето маало.

Позади куќа имаме и мала бавча каде баба ми сади цвеќе и нешто зеленчук, па оди на тезги и продава китки цвеќе, чаеви и зеленчук. Се бореше кутрата, со сите сили што ги имаше и што ги немаше, само поради мене, знам.

Сега е многу стара и изнемоштена, ама уште оди на пазар и продава цвеќе. Минатиот месец се вработив и конечно ни тргна на добро во животот, па ја зедов првата плата од 15000.
Со трчање си дојдов дома за да и покажам, и кажав дека газдата ме пофали и ако вредно работам може ќе ми ја покачи платата.

Сите пари до денар и ги дадов, зошто таа знае за што најмногу ни се потребни. Беше среќна, ама видов и дека и се насолзија очите и се сврте да си поплаче. Го молам Господ да ја поживее, сега кога имам убава плата, барем таа да одмори малку. Таа ми е сèшто имам во животот.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама.

Loading...