Home Живот Заминав во Русија да заработувам за живот а мајка ми сака да...

Заминав во Русија да заработувам за живот а мајка ми сака да ме разведе од жена ми – ќе се откажам од неа!

Поради тешка финансиска состојба заминав во Русија да работам. Случајно излезе работа и потпишав договор на една година. Многу ми беше тешко што треба да си ја оставам сопругата и двете мали ќерки. Не можам да ви опишам колку многу ми беше тешко, мислев дека не може ништо полошо од ова да ме снајде.

Ама, после пет месеци добив порака од мајка ми во која таа ми вели дека женичката на големо ме изневерувала. Додека јас тука мака сум мачел за некоја пара да извадам, мојата сопруга почнала јавно да се швалерисува и да не се прибира дома.

Еееееј, можете да замислите како ми беше, со илјадници километри далеку, мислев дека ќе умрам од мака. Првиот ден не поверував, па дури и се налутив на мајка ми. Вториот ден ме изеде црвот и толку беше – веќе немав мир, ниту можев да јадам, ниту можев да спијам.

Според договорот за работа што го потпишав, не смеев да правам прекини, освен во некои случаи, па морав да ја прекинам работата ако сакав да си дојдам. Така и направив, зошто веќе не можев да издржам, морав да се вратам за да се уверам со свои очи.

За моето враќање никому не јавив, дури ни на мајка ми. Се кријам по мотелчиња како некој криминалец, само за да не бидам виден. Веднаш кришум отидов до нашата куќа и ја видов жена ми како си игра со ќерките.

Ја следам неколку дена, секоја ноќ одам до куќата и ништо не се случува. Таа си седи дома и не излегува никаде, никој не доаѓа на посета. Почнав да се сомневам дека мајка ми ја измислила оваа приказна само за да нèраздели. Од старт не ја засака и постојано зборува лошо за неа.

Ќе издржам вака уште неколку дена и ако излезе дека жената ми е верна, верувајте, ама од родената мајка ќе се одречам јавно и пред тоа ќе ја плукнам во лице! Каков стрес ми приреди, зошто тоа ми го направи?? Како да не ми беше доволно тешко?!

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама.

Loading...