Home Живот Фросина од Скопје: Дванаесет дена сум на Малта и уште никој не...

Фросина од Скопје: Дванаесет дена сум на Малта и уште никој не ме прашал кога мислам да раѓам

Статус на Фросина Ѓорѓиовска:

,,Дванаесет дена у Малта и уште никој не ме праша зошто на 37 год сум келнер, до кога мислам да го работам ова, колкава плата имам, зошто уште не сум мажена, кога ќе раѓам пошо ми поминувал возот.

Па како јас женско работам втора и трета смена по дискотеки, така не се гледало фамилија. Чудни некои луѓе овде, насмеани, љубезни, релаксирани, толерантни и восхитени од различностите, те прашуваат како се чувствуваш денес, дали е се во ред, зборувате со пријателите и оние случајните до нас на шанк за музика, за книги, за идеи, за патувања, за работни визии, за работи кои те прават среќен, за хоби…

Ви велам чудни луѓе бре, само својата работа си ја гледаат и живеат out of box, out of frame. Еве го пакувам ранецот за накај дома, спремна да давам отпор на секој што ко по обичај ќе сака да ме стави in the frame.

А обидот за ставање на слободоумните во некаква рамка која ја слави просечноста и конзервативноста, кај нас често пати е агресивен општествен ритуал. Затоа, лудите ги прати среќа. Затоа што имаат муда да живеат ко што сакаат. И среќна сум у пм.”

Loading...