Home Вести Македонија Заев најави ново покачување на платите, не за 500 или 1000 денари...

Заев најави ново покачување на платите, не за 500 или 1000 денари туку многу повеќе

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев, на денешната трибина од Куманово изјави дека ја зголемиле минималната плата за повеќе пари во семејните буџети, но и најави ново големо зголемување.

– Со зголемување на минималната плата на 12.500 денари, ги изнедначивме сите индустрии и обезбедивме повеќе пари во семејните буџети. Но знаеме дека и тоа не е доволно. Финишираат преговорите за ново, осетно зголемување на минималната плата за уште повеќе пари во семејните буџети.

Преговорите со синдикатите и стопанствениците привршуваат. Наскоро ќе има ново, значано покачување на минималната плата. Не за 500 или 1.000 денари туку за повеќе“, објасни Заев.

Според премиерот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да се помират со напредокот, тоа што на чекор сме од почеток на преговори и затоа со разни сценарија и конструкции се обидуваат да ја спречат интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Loading...