Home Вести Македонија Јоци: Се ми се чини дека во моментов Заев се спасува себеси...

Јоци: Се ми се чини дека во моментов Заев се спасува себеси и ништо друго не му е важно

Јорданка Ивановска Јоци: ,,Ако престанеме со плитките погледи околу снимката со Радмила Шекеринска и сериозно ја анализираме политичката сцена изминатиов период, повеќе од очебијно е дека Зоран Заев се спасува. Плива со гума во длабокото, кај ајкулите.

Мисли само на себе откако ќе падне од власт.
И не ми личи како да му се важни соработниците. Не видов изјава од него денеска околу скандалот со Шекеринска, нешто да каже околу неговата најблиска соработничка, барем како што важи таа, а и на јавноста и` се прикажуваат нештата формално.

А, што? Да не правел ајвар, па бил презафатен да искоментира скандал заради кој други луѓе беа осудени!?
Туку, Заев, ќе ја цитирам Лупевска во случајов – ,,А, вие гранапче водите или партија?”.

Не можеш јавноста да ја оставиш без одговор околу сево ова. Ниту е глупава, уште помалку сме 2016-та кога ве носеа сите на ушка, веруваа во вашите ветувања за подобар живот и правда, а сведочиме секој ден дека – изневеривте во секој поглед.

Би заклучила дека Македонија е уништена многу повеќе од претходно – кога не функционира правдата, не функционира ништо.

Оваа Влада ја тресат стотици афери, мали и големи, губат луѓе на секој чекор, почнувајќи од Павле Богоевски па се до Ременски, маж и` за кој се бара суспензија и преиспитување на сертификати, бидејќи е на висока полициска позиција, имиња кои се вртат околу ,,Рекет”, но за кои уште нема обвиненија, Венко Филипче и Ден Дончев влегоа во предистражна постапка, СЈО се распадна на илјада парчиња и ја осакати правната држава, Законот за двојазичност кој му носеше албански гласови на избори на Заев е оценет негативно од Венецијанска комисија, па ради тоа може избори и да има за неколку месеци. Знае дека нема време да убедува дека се` ќе биде ок.

Одбројуваме. Готово е Заев. Тоа вашите сектори за ,,лажни вести”, слободно распушти ги во Влада. Се` ви се урива, бидејќи се` излезе вистина. Што би рекол Љубо-Манијак во ,,Тетовирање” – ,,Имаше отворен екран да кажеш нешто….ејјјјј…Немаш визија”.”

Loading...