Home Вести Македонија Пандов: За такви како Богојески порано во ВМРО постоел Ќосето, а сега...

Пандов: За такви како Богојески порано во ВМРО постоел Ќосето, а сега исклучување – незнам зошто го толерираат

Александар Пандов: ,,Низ ВМРО од 90-та до сега, но ако сакате и пред 90-та еве од 1893 година до денес поминале цела армија на македонски родољуби и патриоти, на кои единствената идеа и мотив за борба им била Македонија слободна и обединета!

Македонската несреќа била што во таа борба на почетокот на минатиот век, најголем дел од водачите на ВМРО биле убавани од предавници и шпиони во нивните редови, во замена за златници и привилегии.

За жал тоа вмровско проклетство и традиција, во амбарот да има многу мал број, но исклучително расипан кукољ (предавници и платеници) го следи и обновеното ВМРО од 1990. Човек би можел да напише ,,Црна книга” кои се не роварел низ партијата и работел за туѓи бели дворови. Ги има такви кои работеле за домашните, но и такви кои работеле за странски служби и партии.

Класично пример за модерно предавство е настанот од 27 Април 2017 и се што се случуваше подоцна, до гласањето за промена на Уставот. Предавниците се ослободени од обвиненија од Рускоска и наградени од Заев со тендери и привилегии, а патриотите како терористи (Гемиџии) осудени со драконски казни од по 15 и 18 години робија.

За кукољот во историското ВМРО постоел Ќосето, а во денешното тоа е исклучување од партија. Не можам да го разберам степенот на толерантност кон члено како Бунтур, кој отворено говори и пишува од позиции на Заев и Каракачанов против Македонија и Македонизмот, а му е дозволено и понатаму да се престставува како загрижен член на ВМРО-ДПМНЕ.”

Низ ВМРО од 90-та до сега, но ако сакате и пред 90-та еве од 1893 година до денес поминале цела армија на македонски…

Публикувахте от Александар Пандов в Неделя, 13 октомври 2019 г.

Loading...