Home Живот Се омажив многу млада, против волјата на моите, а денес маж ми...

Се омажив многу млада, против волјата на моите, а денес маж ми оди со девојче на кое може татко да и биде

Имав само 18 години кога се вљубив во мојот инструктор по менаџмент. Тој имаше 32 години, но мене тоа не ми пречеше, зошто бев вљубена преку уши. Другарките негодуваа особено затоа што беше разведен и имаше дете од претходниот брак.

Кога дознаа моите родители со кого одам, многу се налутија, а татко ми првпат во животот дигна рака на мене. Но, не успеаја да ме вразумат и да ме одделат од него. Премногу го сакав и мислев дека друг маж на светот освен него не постои. Така останав бремена и се зедовме против волјата на моите родители.

Денес имаме 3 сина и мислев дека нашата среќа не може ништо да ја расипе, ама… дознав дека тој ме изневерува. Се сомневав подолго време, ама не сакав да верувам во тоа. Пред некој ден му стигна порака од љубовницата, прочитав и сè ми беше јасно. Ја избришав пораката и отидов на договореното место.

Се изненадив кога видов дека го чека толку млада девојка. Кога се созедов отидов и вербално ја нападнав девојката. Таа видно се изненади што ме гледа, веднаш сфати која сум и почна да плаче. Ме молеше да не викам и да не правам сцена, смирено да разговараме.

Девојчево низ плачење ми раскажа дека живеела сама со мајка и, и дека биле многу сиромашни. Само што наполнила 17 години и воопшто не уживала во тоа да биде со старец кој е постар 30 години од нејзе.

Мене почна да ми се врти во главата и ми се слоши. Ми се повраќаше. Одеднаш сè ми стана јасно. Се сетив на зборовите на татко ми кога се мажев, дека маж ми е болен кој сака деца.

Сега не знам на кого да се лутам, дали на маж ми, на девојчево на кое му се гади да биде со мојот маж или на себе што не си ги послушав родителите??

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама.

Loading...