Home Живот Стојам денес на литургија и слушам две жени до мене како ја...

Стојам денес на литургија и слушам две жени до мене како ја оговараат девојката пред нив

Не сум некој голем верник, се трудам редовно колку што можам да одам во црква, да постам и да живеам богоудно.
Со ова што ви пишувам, знам дека сето тоа ќе го порекнам, и во растењето мое ќе паднам, оти јас не сум отишла во црква за да слушам туѓи муабети, ниту пак имам мандат да му судам некому.

Ама, се одлучив јавно да пишам за ова, со надеж дека повеќе ќе звучи како апел до верниците и до оние кои умеат да се самокритикуваат.

Денес бев на литургија и додека стоев и ја слушав молитвата, до мене едни две жени цело време нешто брбореа. Одеднаш, сето внимание ми се фиксира на нивниот разговор. Ја оговараа девојката која беше малку пред нив, и ја окарактеризираа како бесрамничка. Тие ја познавале од маалото, била скитничка и уште неколку епитети и да дадоа што не сакам да ги повторам. Ги коментираа нејзините тесни фармерки и распуштената коса.

Исто така, додадоа дека на таквите како оваа девојка не им е местото во Црква и не треба да ги пуштаат внатре. Колку што добро слушнав, затоа што со своите црвени кармини ги бојадисувале иконите, а со својата тесна облека и деколтињата ги вознемирувале и им го одвлекувале вниманието на другите верници.

И така едно време, забележав дека сум се доближила поблиску до нив за поубаво да ги слушам, дури се фатив себеси дека сакам да им се приклучам во разговорот. И така, помина литургијата, а јас дали едвај два збора слушнав од целата проповед.

Излегов од црква лута, наместо смирена, лута затоа што се изнаслушав оговарање наместо да се помолам за мојата душа, лута зошто сè уште сме малограѓани, лута на себеси зошто и јас потпаднав во замките на лукавиот.

Девојката која беше тема на разговор не ја познавам лично, навистина беше облечена како за излегување на кафе со другарките, но не е мое да и судам, ниту на било кој друг како таа го живее животот.

Можеби токму денес, ако таа внимателно ја слушаше литургијата, нешто ќе ја поттикне да го промени својот начин на живеење и однесување. Можеби денес бил првиот нејзин ден на преобразба кон подобро. Не знам.

Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама.

Loading...