Home Живот Откриено каде се наоѓа куќата во која Ѓорѓи Колозов ги снимаше прикаските...

Откриено каде се наоѓа куќата во која Ѓорѓи Колозов ги снимаше прикаските – секој може да ја посети

,,Местото каде се започна! Куќата на чорбаџи Ѓорѓија е празна, пред неа стои само неговиот верен побратим! …а нашиот чорбаџија го нема, ги нема ни приказните..нема ништо од тоа време…само двор полн со сеќавања и спомени.

Ја нема веќе меаната која беше исполнета и зрачеше со крикот на извонредните и маестрални гласови и креации на Гоце, Ванчо, Дади, Ѓокица, Мешко…ги нема истите луѓе, ја нема магијата…само легендите да сведочат за тоа време…носталгија…

Текст – Горан Марковски, уредник на страницата.”

Вака гласеше вчерашниот пост од админот на страницата на легендарниот актер Ѓорѓи Колозов, на годишнината од неговото упокојување.

На прашање од фан каде се наоѓа куќата и дали може да се посети, тој одговара дека куќата е во дворот на манастирот Свети Пантелејмон во Нерези и секој може да ја посети.

Loading...