Home Вести Македонија Сашо Тасевски: Ќе ви објаснам што сакаат Бугарите во иднина да правиме

Сашо Тасевски: Ќе ви објаснам што сакаат Бугарите во иднина да правиме

Статус на Сашо Тасевски:

,,Според соседите ни драги од Софија, а се собрале во министерски тим и донеле некоја резолуција, според која, во иднина ако пишувам книга или колумна или ако се прави некој филм, мора за Бугарите да пишуваме и филмуваме строго афирмативно, да ги фалиме и креваме до небото како светци.

Не смееме критички да зборуваме и пишуваме за нив оти не било во духот на добрососедството.
Јазикот пак, се вели во резолуцијата, не е македонски, туку дијалект на бугарскиот.

Па закани фрчат во резолуцијата, онака меѓу редови. Ќе лобирале против нас во ЕУ и насекаде… Нешто да ве пита сега баба….

Има некој во нашиве власти, било кој, што наместо гумени бомбони, има ташаци, па ќе тресне со раката по маса и ќе им порача: Дечки, гаќите ни се стресоа од вас, Море ај сиктер, сите по дома и вие, и датумот. До кога бе ќе им ќутите и ќе им играте Лбедово езеро у скут, глупаци?”

Loading...