Home Вести Македонија Гордан Георгиев: Сакам Заев да ја подигне малку подискривената и поднаведната глава...

Гордан Георгиев: Сакам Заев да ја подигне малку подискривената и поднаведната глава и да ги каже јасно и гласно позициите

“…Сакам Заев да ја подигне малку подискривената и поднаведната глава и да ги каже јасно и гласно позициите на македонската Влада, но и на македонската нација. И тоа од таму, од Луксембург. Пред затворените европски врати.

Се разбира дека ќе мора да се посипе со пепел, но нека го направи тоа како што треба, достоинствено би рекол, самурајски ако може. Бидејќи во случајот со Македонија, се покажува дека сабјата ја сече токму наведнатата глава.

А потоа да си се врати дома, макар и со подвиткан опаш и веднаш, државнички, да закаже лидерска средба со Мицковски, Ахмети и сите лидери на парламентарните партии. Да го исклучи телефонот за дојдовни повици од ЕУ. И да изградат оперативен план за наредната година до изборите во октомври.

Ете, безбедносно сме покриени со НАТО, но ние треба да бараме пазари, ефтини пари, инвестиции, работа за нашите граѓани. Нека стегне Заев заедно со Мицковски една посета на Пекинг, на пример. Потоа нека скокнат до Њу Делхи, па на крајот до Москва. Па не ли го прават истото тоа видни земји членки на ЕУ, сосе Франција и Германија. А кога ќе се јават Американците да не’ прашаат „абе што правите таму дечки?“, ние загадочно ќе им одговориме: „ааа нее, за пари зборуваме и за инвестиции, не за безбедност”. Така ли сакате?

Па тоа е полесниот пат, тоа е патот на Груевски, башка сега со НАТО членство во џебот. Плус, ќе ја ревидираме комплетно нашата политика визави мигрантите. Главна тема ви е Сирија и Турција, за Македонија немате време? Ок, ќе усвоиме национална стратегија за воспоставување на коридор за мигрантите директно до ЕУ. Знам дека и ова е бљак, ама тоа ни се опциите…”

Целиот текст прочитајте го на dw.com

Loading...