Home Живот (ВИДЕО) Гоце од Јастребник: Живеам со брат ми, нема со кого да...

(ВИДЕО) Гоце од Јастребник: Живеам со брат ми, нема со кого да се оженам, нема жени, никоја не доаѓа

Јастребник е село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година, во Јастребник живееле 210 жители.

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Јастребник имало 264 Македонци, егзархисти.Според пописот од 2002 година, селото има 23 домаќинства со 34 куќи и 48 жители. Но за жал денес има жители кои може да се избројат на една рака.

„Во селото сме само три куќи во кои живеат луѓе постојано. Имаше народ, но избега, се исели, нема вода овда. Живеееме од социјално и друга помош што ни ја дават. Исто так чуваме говеда со братми. Овде немат жени, нема ништо. Нема со кого да се ожениме, никоја не доаѓа“, изјави Гоце, еден од малкумината жители.

Селото се наоѓа на 950 метри надморска височина, на јужните падини на Осоговските Планини. Селото има 9 маала и тоа: Чорбаџии, Старо село, Горна Маала, Долна Маала, Падини, Горни, Долни, Чуриљак и Семревец.

Loading...