Home Живот Отец Горан: Датум за ЕУ не добивме, но што треба да се...

Отец Горан: Датум за ЕУ не добивме, но што треба да се направи за да се добие ,,датум” за вечниот живот

Статус на Отец Горан Стојчевски: ,,Младичот од Евангелието кога го прашува Господ, што треба да направи за да добие “датум” за влез во вечниот живот, Христос му ги кажува условите: не лажи, не кради, не прељубодејствувај, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си… и ќе имаш сокровиште на небесата.

Но, бидејќи ние не сме дораснати сеуште на Стариот Завет како што се вели, и не ги држиме како младичот заповедите од младини, а ни даден Новиот завет, не добиваме ниту прашање за следното ниво, ниту одговор за нашата цел, а ако сакаш да бидеш совршен…

Loading...

И секогаш се занимаваме со знаци, времиња и датуми нѐ опоменува со зборовите „кога се свечерува, велите: ‘Ќе биде ведро, зашто небото е црвено, за наутро:Денес ќе има бура, зашто небото е црвено и замрачено. Лицемери (тоа сме кога мислиме дека нешто ни е заслужено), знаете навистина да го просудувате лицето на небото, а знаците на времињата не можете!”.

Светото Евангелие е секогаш актуелно во секоја животна ситуација, и даден ни е начин како да постапуваме според Христа, но ете, ние сме лицемерни, оти личносно и како општество не се потрудивме барем да се” оправдаме” како младичот, дека суштествено нешто работиме т.е. држиме.

П.С. Името Емануел, или Емануил, значи со нас е Бог, и не вреди да го омаловажуваме, туку да размислиме зошто ни е ова допуштено. Но, ете го Евангелието, ете го Христос како мерка. Препорака на светите Отци е: секојдневно да се чита Евангелието и Апостолот, макар по една нумерирана глава дневно, нормално и да се дејствува според прочитаното.

Loading...