Home Вести Ванковска: Заев ќе треба некаде азил да си бара

Ванковска: Заев ќе треба некаде азил да си бара

Статус на Билјана Ванковска:

Наводно Макрон ја напуштил седницата на Советот предвреме, налутен поради жестоката критика во врска со недавањето согласност за Македонија и Албанија…

Абе, џабе мењате име, си бевме и останавме „јаболко на раздорот“ – наместо да не’ интегрираат, ние ќе ги растуриме уште не влезени…

Се разбира, се шегувам. Само мегаломани и егоцентрици можат да мислат дека ние сме причината за сапунската серија во ЕУ… Ние сме ти ко во спрпската поговорка „каки си, ни за ди си ниси“ – и тоа им е јасно на сите. Тепачката е околу многу поголеми геополитички влогови. Тенденциите не се од сега, одамна се – само сега ескалираат, а ние мислиме дека сме ако не центарот на светот, тогаш барем центарот на ЕУ.

Заев наводно размислува за оставка… Ама само наводно… Неговиот опстанок зависи од премиерската позиција – без неа, ќе треба некаде азил да си бара. Плус тоа Борисов му рекол она што го мислат и другите: има тој уште многу нешта да сработи, треба да си седи мирно на столчето.

Да, тој беше и остана коцкар, ама се коцкаше со нешта кои не се негови, ниту се за коцкање. А во големото казино го чуваат затоа што е лош коцкар, а не обратното.

Loading...