Home Останато „Ако бев бугараш – немаше да трчам во Македонија да го видам...

„Ако бев бугараш – немаше да трчам во Македонија да го видам својот ослободен народ“

За Христо Татарчев основач на ВМРО:

„Во време на обединувањето (се однесува на обединувањето на Бугарија со Источна Румелија во 1885 г.), како ученик зедов учество како доброволец. Заедно со множество други луѓе на покривот на еден вагон стасавме до Трново Сејмен, каде се задржавме 20 дена. Оттаму мене, и други помдади ученици како мене, не вратија во Пловдив, и не приклучија кон новоформираните единици, а накај половината на ноември, по голем студ, кога и Марица беше замрзната, нашата дружина тргна пеш накај Сливница. Кога стасавме во Пазарџик, штотуку беше склучено примирјето.

По десетина дена се вративме назад во Пловдив. Соборувањето на Батемберг ме затече во Габровскиот манастир, каде бевме се вратиле од една екскурзија на Бозлуџа. Во тие околности, во текот на сето време на моето учеништво во Пловдив, постојано си мечтаевме за ослободување на Македонија, но во нашите глави немаше ништо поопределено оформено за тоа прашање. Записите на Захариј Стојанов и сета литература, што прикажуваше за востанијата и за ослободувањето на Бугарија, се голтаа на еден здив.“ (од Спомените)

„По ослободувањето на Вардарска Македонија (1945), Татарчев се вратил во Ресен за да види како се живее таму и евентуално последните години да ги помине во Македонија. Во Ресен се сретнал со своите роднини и пријатели кои ги оставил пред многу години.

Вториот ден отишол во една кафеана каде што се пеела песната – Бог да го прости Миле Поп Јорданов. Нему му протекле солзи, а тогаш некои во црни мантили му рекле: “Ти си Бугараш, веднаш да ја напуштиш Македонија, што побргу”. Татарчев им одговорил: “Ако бев таков, немаше да трчам овде да го видам својот ослободен народ.” Вечерта, кога се прибрал дома, дошол некој негов близок роднина и му рекол:

“Уште утре да го напуштиш Ресен оти ти подготвуваат нешто”. И така, по само три дена поминати во Македонија, заминал во Бугарија, но и таму не можел да живее со комунистите, па оттаму заминал во Торино, Италија. По 1947 година, роднините на Татарчев немале никаков контакт со него.

Истовремено, поради неговото минато, тие биле следени од полицијата, а неговиот внук на брат бил затворен и му бил конфискуван имотот. Притоа, државата ги одзела сите фотографии и ракописи од неговите роднини, под изговор дека ќе ги искористи за историски цели. Неговата куќа во Ресен била национализирана и некое време на неа била поставена спомен-плоча, но без неговото име. Оставена без грижа од страна на државата, подоцна куќата се урнала.“

Loading...