Home Вести Дијаспора Неповолни вести за тие што планираат да заминат нa работа во Германија:...

Неповолни вести за тие што планираат да заминат нa работа во Германија: Тешко дека некој очекуваше вакво нешто

Побарувачката за работници во Германија значително опадна во октомври како резултат на намалување на економската активност во земјата, објави во вторникот Федералната агенција за вработување (BAA).

Индексот BA-X кој ја следи побарувачката за работна сила опадна за пет поени во октомври 2019 година, а вредноста на истиот во септември изнесуваше 232 поени. Споредено со октомври 2018 година, неговата вредност е намалена за 22 поени.

Тренд кој трае во последните четири месеци

Загрижувачки за германските власти е тоа што вредностите на BA-X индексот покажуваат помала побарувачка за работна сила четврти месец по ред.

Падот на побарувачката во изминатите месеци е особено видлив во категоријата вработување на определено време и во дејностите: трговија на мало и транспорт и логистика, истакнуваат од агенцијата.

За некои работодавци нема криза

И покрај ваквиот тренд, работодавците од секторите кои се помалку засегнати од моменталната состојба на германската економија, како на пример: државната управа, социјалната и здравствената заштита и образованието, продолжуваат да бараат работници.

Индексот BA-X се темели на податоци за слободни работни места во компаниите. Како репер се земени податоците од 2004 година кога неговата вредност изнесува 100 поени.