Home Вести Македонија (ФОТО) Голманот на Вардар до навивачите на Шкендија: Одете во планина и...

(ФОТО) Голманот на Вардар до навивачите на Шкендија: Одете во планина и чувајте овци

Филип Гачевски, голманот на Вардар по реванш мечот од 1/8 финалето до Купот на Македонија помеѓу Шкендија и Вардар се огласи со статус на Фејсбук на кој напиша:

„Ова што се случуваше на денешниот меч во Тетово е голем срам за македонскиот фудбал, мислам дека ФФМ и луѓето кој го водат фудбалот треба да се запрашаат и да одлучат до кога вака. Глава горе момци, секоја чест!“,

Статусот на голманот на Вардар, Филип Гачевски предизвика големо внимание, па буквално беше затрупан од голем број навредливи коментари од навивачите на Шкендија.

Но Гачевски не им остана должен и им врати:

„Ало, вреѓајте колку сакате, само нека ви е полесно. Идете таму во планина и чувачте овци. Имате еден голем лајк од мене“.

Loading...