Home Живот Асан Селмани: Во мое време го читав Славко Јаневски – горд сум...

Асан Селмани: Во мое време го читав Славко Јаневски – горд сум што го научив јазикот на мојата татковина Македонија

Во време кога сме поделени по сите основи, партиски, верски, етнички, кога едни на други си негираме сè што прави другиот, кога братот се врти против својот брат, навистина е убаво да се прочита вакво нешто.

На социјалните мрежи наидовме на коментар од Асан Селмани кој вели вака:

,,Во мое време ја учев по лектира, нема да ја заборавам (Девојчето со ќибритчињата), читав за Виктор Иго, неговиот роман, од Славко Јаневски Мугри, Волшебното самарче, Дон Кихот, Рибарот Климе и кајчето и многу други…

Горд сум што ја читав МАКЕДОНСКАТА литература, секогаш ја учев македонската граматика и правопис, Психологија, За Современата уметност и култура, за Религиите, за сите војни и многу др.

ГОРД СУМ, БИДЕЈЌИ НАУЧИВ ДА ГЛЕДАМ, СЛУШАМ, ЧИТАМ И ПИШУВАМ НА МОЈАТА ТАТКОВИНА, МАКЕДОНИЈА. Секој граѓанин што живее во оваа земја, што се родил тука, без разлика на етничка припадност, треба да биде горд што го зборува, не само својот етнички, туку и јазикот на својата татковина МАКЕДОНИЈА, државниот јазик.”

Секоја ти чест Асан. Поради ваквите како тебе има надеж дека во иднина ќе ни тргне кон подобро!