Home Живот Да и одговорам на таа што се тресела за 50 евра од...

Да и одговорам на таа што се тресела за 50 евра од кумата – и јас бев кума минатата недела!

Многу се изреволтирав кога прочитав што напишала дотичната за 50-те евра што и ги ставила кумата во плик како подарок. Се тресела од нервоза затоа што очекувала повеќе?

Очекувала да најде 500 евра, па уште не и се верувало и неколку пати проверувала?! Па уште и го бележела пликот?
Епа вака срцка моја јас да ти кажам. И јас бев кума минатата недела, кај моја најдобра другарка! Таа е од работничка фамилија исто како и јас, да не речам – сиромаштија во однос на вас кои се тресете од 50 евра!

Другарка ми е многу убава, ама никогаш не и завидував поради тоа. Се омажи за многу богат човек, малку постар од неа, ама тоа нема врска. Мене како на другарка која искрено си ја сакам, не ми се допадна нејзиниот избор, ама што е тука е. Нејзин избор, нејзин живот.

Знаеш она каква свадба имаше??? Па ТИ да беше на нејзината свадба ќе се онесвестеше! Познати фаци, богати фаци, раскош насекаде! Знаеш како мене ми беше? Мене што со мајка ми немаме леб да јадеме до крајот на месецот?

Знаеш јас колку и ставив на другарка ми во плик, како кума? 20 евра. Толку имаше мајка ми да ми даде. Немаше ни толку, не знам од каде ги ископа, а пред тоа требаше и фустан да купувам.

Знаеш како се чувствував кога сите оставаа пари на музика и порачуваа песни? Летаа по 100 евра на сите страни. А требаше и од кумата да има песна. Ееее тогаш драга моја, другарка ми извади од ташничката и ми тутна 100 евра во рака, да одам и јас да направам како што сите направија.

Таа цело време беше покрај мене, ме гушкаше и на сите ме претставуваше со гордост. На одење, ми е срам да кажам, ама ќе кажам докрај кога веќе почнав. Ми даде 500 евра со сила, зошто не сакав да ги примам. Ми рече дека имала цела чанта полна со пари, не може ни да ги изброи колку многу. Да сум ги потрошела во нејзина чест, или да сум и ги дала на мајка ми, сеедно. Не можев да поверувам.

Имам родена сестра на друга страна, ама оваа моја другарка ми е повеќе од сестра. Ако некого сакаш од срце, не го сакаш поради парите. Таа мене ме покани да и бидам кума на свадбата, не поради парите, знаеше дека немам, туку затоа што сум и вистинска, најдобра другарка!