Home Вести „Како за државен празник и неработен ден, некако ми се гледа се...

„Како за државен празник и неработен ден, некако ми се гледа се отворено и сите на работа“

Денес, 23. октомври е Ден на македонската револуционерна борба и е државен празник кој треба да е празнува и да не се работи.

Арно ама така излезен низ град, ми се чини како да е обичен ден. Работи речии се, освен државната администрација. Татко ми работи како дистрибутер и нормално си работи, мајка ми во конфекција, исто и таа беше на работа. Во трговскиот работеа голем дел продавници, а за кафичите и кафаните да не зборуваме.

Отидов на бербер и тој работеше, пријателите мои кои работата приватно исто и тие работеа. Се прашувам во себе и си велам, добро бе, па само администрацијата ли ќе празнува, ние обичните луѓе зарем не заслужуваме.

Зарем ние не сакаме ако не во Грција и Бугарија, барем да излеземе со семејствата на еден ручек. Во природа, да го искористиме овој убав и сончев ден. До кога некој ќе се богати на наш грб. И после ќе се чудите кога бегале од овде. Епа ќе бегат.

Во Германија се работело, да точно. Ама се знае таму кога ќе се работи се работи, ама викенд и празник се знае дека е слободен. И да се работи за викенд или празник има убави и есктра дневници, а кај нас не сакам ни да зборувам бидејќи сите добро знаете.

O.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама.