Home Вести Каракамишева: Епа дечки, ако е тоа многу тогаш ставајте клуч на државата...

Каракамишева: Епа дечки, ако е тоа многу тогаш ставајте клуч на државата – сите сиктер од тука

Статус на Тања Каракамишева:

Слушам муабети абе професорке, многу ова црвениве линии неостварливи, многу високо качени, тешко дека ќе бидат…им велам ако за вас е ова утопија, ако за вас е ова тешко остварливо, тогаш извини ама не заслужувате држава.

Минимумот во секоја нормална држава е да важат и да се применуваат правните прописи.

Што барам јас многу, да владее правото за сите и секого и во мојата земја?

Епа дечки, ако е тоа многу тогаш ставајте клуч на државата, да не се заебаваме со изборни игранки повеќе!

Затоа што ми е преку перчин да слушам исти изговори речиси 30 години….не сме ние запад, немаме ние култура, Балкан е ова, дрн, дрн…

ДОСТА СЕ ВЕЌЕ ЛИНИИТЕ НА ПОМАЛ ОТПОР. ИЛИ ЌЕ СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА ВИСТИНСКИ СТАНДАРДИ ПОРАДИ СЕБЕ И СВОИТЕ ДЕЦА, ИЛИ СИТЕ СИКТЕР ОД ТУКА!