Home Вести Македонците во Австралија ќе лапаат тавче гравче, сарма, ќе играат оро и...

Македонците во Австралија ќе лапаат тавче гравче, сарма, ќе играат оро и ќе се веселат

И по осум години, првиот македонски фестивал на храната со нетрпение се очекува и пробудува се поголем интерес не само кај Македонците туку и другите нации во Австралија кои секогаш со задоволство ги посетуваат штандовите со вкусни македонски јадења.

На едно место се собираат илјадници посетители кои се обземени од убавото чувство дека на еден убав начин се прославува македонската култура, традиција и фолклор.Оваа година ќе има голем избор на македонски традиционални јадења, па посетителите ќе имаат можност да уживаат во вкусот на: тавче гравче, сарма, бурек, мекици, индијанки, еклери,тулумби и други специјалитети препознатливи за Македонците од сите краеви на Македонија.

Голем број на културно уметнички друштва од Мелбурн и Сиднеј ќе настапат со македонски ора и песни и ќе претставува посебно доживување за публиката. Ваше е да дојдете и бидете и вие дел од популарниот Македонски Фестивал на храната.Со оглед на тоа што е фестивал на македонски јадења, оваа година ќе има демонстрација на правење мазник и многу други “слатки изненадувања”.

Нема да изостанат ниту спортски активности од страна на фудбалските клубови, Алтона Меџик, Keilor Wolves, Престон Македонија.Неколку штандови ќе презентираат македонски народни носии од разни делови на Македонија а ќе се изложат и голем број на македонска литература за деца и возрасни.