Home Uncategorized Македонците во Австралија по една деценија пауза ќе може да уживаат во...

Македонците во Австралија по една деценија пауза ќе може да уживаат во нашата национална гордост

Екипата на ИН ТВ беше на гости во “Танец”, кој претставува најголемиот амбасадор на македонскиот фолклор, традиција и култура ширум целиот свет. Тие не го криеја задоволството што после 11 години ќе имаат одлична можност да се дружат со македонците кои живеат во Австралија, бидејќи на 11 ноември заминуваат на голема турнеја во прекуокенската земја.

Националната установа, Ансамбл за народни песни и игри на Македонија, “Танец” претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении и важи за најголемиот амбасадор на македонскиот фолклор ширум светот.

После 11 години, на огромно задоволство на сите наши македонци, “Танец” заминува на голема турнеја во Австралија и ќе одржи неколку концерти низ повеќе градови. Како што вели Милан Завков, првото лице на Оркестарот, составот кој ќе патува за Австралија е веќе одбран, па со нетпрение ја очекуваат дружбата со нашинците кои живеат во оваа далечна земја.

-Да, ние веќе се подготвуваме и при крај се подготовките. “Танец” е секогаш подготвен за вакви убави и големи турнеи. Последен пат бевме во 2008-ма година, имавме успешна турнеја и одржавме повеќе концерти низ градовите каде што ги има нашите македонци. И ете после 11 години повторно “Танец” во Австралија. Ова беше подолг период и се надевам дека ќе има голем интерес бидејќи го презентираме она што е најубавото од Македонија, фолклорот, песната, играта и музиката.-истакна маестро Милан Завков кој воедно е раководител на Оркестарот на Танец.

Ќе одржат вкупно пет концерти од кои два во Мелбурн, еден во Канбера и уште два концерти во Сиднеј. На турнејата во Австралија, составот на Танец заминува на 11-ти ноември, а ќе останат до 27-ми истиот месец.

Целата сторија проследете ја на „Естрада плус“