Home Естрада (ВИДЕО) Што ли пропушти Кајмакоски – Екс сопругата блесна и освои престижна...

(ВИДЕО) Што ли пропушти Кајмакоски – Екс сопругата блесна и освои престижна награда на Мис избор

Македонката Кристина Димитриевска се истакна меѓу убавиците на „Miss Globe 2019“ и ја освои титулата „Мис фотогеничност“.

23-годишната македонска манекенка во блескав црн фустан го прими признанието на свеченоста кое синоќа се одража во Улцињ, Црна Гора.

Нашата убавица носеше долг црвен фустан со златни везови во сегментот кога мисиците дефилираа во национални костими.

Димитријевска, инаку позната и како поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, е членка на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.

Таа веќе три недели е во Црна Гора каде заедно со уште 50 учеснички и со Мики Црнокрак, шефот на македонската делегација, се подготвува за вечерашното финале.