Home Естрада Калиопи емотивно: Плачев додека го гледав нивниот видео клип

Калиопи емотивно: Плачев додека го гледав нивниот видео клип

Поп-дивата Калиопи Букле на 9 ноември ќе одржи концерт во Белград, па во пресрет на големиот музички настан откри кој и’ е најубавиот момент што го има доживеано на сцената.

Имено, во една пригода 5-годишни близначки снимиле видеоклип во знак на љубовта кон неа.

Тоа е највисок степен на љубов… И, се разбира, најголема привилегија… Децата најискрено сакаат и нивните гестови се највредни… Додека го гледав нивниот видеоклип, плачев од среќа… Дојдоа на мојот концерт, се запознавме, сликавме и се’ уште контактираме“, објаснува Калиопи за Glossy.rs и раскажува за својот заштитен знак – насмевката.

Мојата насмевка е мојот свет. Се’ е содржано во неа“, вели Калиопи и открива како и’ успеало да остане доследна на себеси сите овие години на сцената

Не ги сакам расположенијата и навиките што ме оддалечуваат од самата себе. Околината ја набљудувам и ја следам, но таа не може да влијае на мене доколку не е во согласност со моите принципи и животни правила.“

Loading...