Home Естрада Шилегов е дури сега ги налути македонските фанови на Цеца

Шилегов е дури сега ги налути македонските фанови на Цеца

Балканската музичка ѕвезда Горан Бреговиќ го најави својот концерт во Скопје кој ќе се одржи на 17-ти ноември на градскиот плоштад, по повод отворање на казино. Тој доаѓа со бендот ,,Бјело дугме”, а настанот на плоштадот ,,Македонија” ќе започне во 21 часот.

Во видео порака Бреговиќ ја покани јавноста да присуствува на настанот со зборовите – Кој нема да полуди, тој не е нормален.

Веста дека музичарот ќе одржи концерт во главниот град по повод ослободувањето, на 17-ти ноември, набргу по објавата во повеќе медиуми, пред три недели, беше демантирана од Град Скопје, од каде посочија дека немаат никаква поврзаност со настанот и како најверојатно станува збор за приватна организација на концертот.

За време на трибината по повод двегодишнина од својот мандат, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред медиумите раскажа дека сопственици на казино од соседна Србија сакале да го изнајмат градскиот плоштад на 17 – ти ноември, со цел да го прослават отворањето на ново казино со концерт на Цеца Ражнатовиќ.

-Мислам дека во изминатите две години успеавме нивото на културата симулирано и спонзорирано од градот да се подигне. Сега на 17-ти имаме концерт на ,,Бјело дугме”, отвора еден субјект казино во Скопје. Дојдоа кај мене, и викаат сакаме да го земеме плоштадот, да ни го дадете по повод отворањето. Добро, кој ќе биде? –Разговаравме да дојде Цеца. – Јас викам, не може!

Плоштадот не се издава. Кажете и дека градоначалникот на Скопје не дозволува да пееш на неговиот плоштад додека е тој градоначалник. Така што сериозно, мислам дека сменивме определени вредности во културата која што ја поддржува градот – изјави Шилегов минатата недела.

Фактот дека Цеца не може, а Бреговиќ може, ја наметнува констатацијата дека станува збор за селективно изнајмување на градскиот плоштад од страна на Шилегов, односно воден според сопствениот музички вкус, или пак следејќи ги реакциите на дел од јавноста, тој на некој начин и ставил вето на Ражнатовиќ. Самото тоа го повлекува прашањето – Дали градоначалниците се тие кои треба да одредат што да слушаат граѓаните, водени од сопствените убедувања и музички вкусови?

Целата сторија проследете ја на Фокус.

Loading...