Home Живот Направив нешто непростливо, како да бев озбеземен од некои сили и сега...

Направив нешто непростливо, како да бев озбеземен од некои сили и сега не знам како да се извлечам

Многу ми е тешко на душата и мислам дека ќе го изгубам умот, не знам што да правам. Мојата приказна започнува уште пред 5-6 години кога ја запознав мојата девојка, а денес жена.

Никогаш не сум бил претерано љубоморен, само во нормални околности кога навистина имало причина за тоа. Во врска бевме цели 4 години, не живеевме заедно, туку секој кај своите родители.

Случајно таа остана бремена и поради тоа одлучив да ја побарам за жена и некако ја забрзавме венчавката додека не и беше пораснат стомакот.

Во брак сме повеќе од пет години и нашиот син пред извесно време наполни пет години. Тогаш, додека ги гледав фотографиите од роденденот, нешто ми се случи и ми се појави црв на сомнеж дека тоа не е мој син.

Во почетокот ја игнорирав таа мисла, ама како да ми се всади во мозкот и секој ден се повеќе и повеќе растеше сомнежот, а јас како да наоѓав се поголеми докази дека мојот син воопшто не личи на мене.

Тогаш сериозно започнав да размислувам да направам ДНК тест и да проверам дали јас сум таткото. Веднаш ќе ви кажам дека воопшто не сум богат, едвај ни стигнува платата за храна и сметки, задолжен сум на сите страни, па се задолжив и за ова чудо.

Го направив тестот во една поликлиника и ми стигнаа резултатите каде пишуваше дека сепак јас сум татко на детето. Како да ми падна камен од срцето во тој момент, но кога ми помина тој момент на задоволство, почна да ми се гади од самиот себеси, ама буквално.

Не можам да верувам дека такво нешто сум помислил. Па мајку му стара, ја имам најдобрата жена на светот покрај себе, што ќе се случи кога таа ќе дознае дека сум се сомневал и дека направив тестирање?

Стварно се гадам од себе. Особено сега имам голем проблем зошто беспотребно се задолжив и тоа кај еден опасен човек. Не знам што ми стана, како да ме опседнаа некои сили, навистина не знам како ќе ја вратам таа позајмица. Сега еве иде зима и нема многу работа, а јас си направив голем проблем. Не смеам да и кажам на жена ми, а немам веќе од кого да барам помош.

Loading...