Home Естрада Наум Петрески открива како ја изненадил сопругата Зуица за нејзиниот роденден

Наум Петрески открива како ја изненадил сопругата Зуица за нејзиниот роденден

Наум Петрески важи за еден од доајените на македонската народна музика. На домашната сцена опстојува повеќе од 30 години, во неговата дискографија се испишани над 300 песни, а половина од нив веќе се класифицирани како вечни фолк-евергрини.

Сосема оправдано го носи епитетот златно грло, а деновиве во интервју за Бекстејџ зборуваше за улогата на дедо, а откри и како ја изненадил својата сопруга Зуица Лазова за роденденот кој го прослави минатата недела.

„Уживам во улогата на дедо, навистина имам прекрасна внука и сакам да го минувам времето со неа. Веќе наполни седум месеци, сега и растат запчињата и има мали тегоби и болки, но ќе помине и тоа, рече Наум, па додаде: „За роденден на Зуица и’ купив прстен со охридско бисерче, ја изненадив на свој начин“, заврши фолкерот.

Инаку македонските фолк пејачи Анастасија Петреска и Владимир Поповски пред една година се венчаа, а пред 7 месеци станаа и горди родители на малата Андреа.

Тие често објавуваат фотографии од нивните приватни и работни ангажмани, но овој сега знаат да споделат и некоја фотографија и од својата прекрасна ќерка.

Loading...