Home Живот Работам како келнер иако сум дипломиран инженер, ама ова сигурно не го...

Работам како келнер иако сум дипломиран инженер, ама ова сигурно не го заслужив!

Јас сум дипломиран инженер, од добра, домаќинска фамилија. Моите родители секогаш се трудеа да ме воспитаат добро, на чесност и трудољубост. Учев напорно и дипломирав, но не успеав да се вработам по струка.

Во меѓувреме се оженив и имам деца, па морам нешто да работам за да го гледам семејството и да ги плаќам сметките. Така се вработив како келнер.

Работата ми е многу напорна, особено затоа што морам да работам само втора смена и никогаш не сум дома пред полноќ. Доаѓам уморен, капнат, едвај нозе ме држат.

Речиси секојпат дома ме пречекува вклучен телевизор и жена ми како спие на каучот, чекајќи ме, односно, јас така си мислев.

Пред неколку дена го замолив шефот да ме пушти два часа пред фајронт за да ја изненадам мојата “верна” сопруга и за среќа или несреќа, не знам ни самиот како шефот ми дозволи да одам.

Кога влегов дома внимавав да бидам тивок за да не го расипам изненадувањето, телевизорот вообичаено работеше, ама жена ми ја немаше.

Sирнав и во кујната, ама ни таму ја немаше. Тогаш се качив нагоре до спалните кога на пола пат слушнав добро познати звуци и чкрипење на кревет.

Веднаш ми беше јасно што се случува и сам не знам како истрчав до спалната соба и ја отворив, кога таму ги затекнав мојата сопруга со мојот прв сосед, пријател од детството, човекот кој речиси секоја ноќ го поздравувам кога се враќам од работа, а тој седи во дворот и пуши цигара.

Од претрпениот стрес се онесвестив и паднав. Кога се освестив имав лоша рана зад увото, а него го немаше.

Жена ми глумеше дека е загрижена за мојата повреда и кога станав и грубо вербално ја обвинив, таа дрско почна да се брани дека тоа го правела, не затоа што го сакала, туку затоа што мене ме немало по цели ноќи. Плус тој и давал и пари, а бидејќи ние едвај сме тргале крај со крај, нашите плати не стигале, па морала некако дополнително да заработува.

Знам дека сè што кажа е чиста глупост, едвај се воздржав да не дигнам рака, но сега не знам што да правам. Имам две мали деца и не знам што е најдобро за нив. Ако се разведам, таа ќе ми ги земе децата и ќе ги гледам само за викенд, а ако не се разведам ќе бидам рогоносец цел живот и не знам дали некогаш би можел да и го простам ова. Тоа значи да се мачам и да патам цел живот, за децата… дали вреди? Не знам што да правам, не можам да се одлучам.

Loading...