Home Живот Се огласи уметникот Пане што ја направи тетоважата со ликот на Митко...

Се огласи уметникот Пане што ја направи тетоважата со ликот на Митко Јанчев: Откри колку чини

Пане Ризов, сопственик на студиото „Булфрог тату” е тату-артист кој што ја изработи тетоважата со ликот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на ногата на негов обожавател.

За „Фокус”, Ризов раскажува дека изработката поминала лесно и целата процедура траела помалку од четири часа, но сепак се уште не била комплетно завршена. Следувала фина доработка на ситните детали, со цел ликот на градоначалникот да го добие финалниот изглед.

-Желбата на мојот клиент беше да не го откривам неговиот идентитет, инаку, се работи за лице од Кавадарци, добро познато во целиот град, но оставам на него доколку тој се реши да даде интервју и да раскаже кој бил мотивот за ова интересно дело. Инаку, целата процедура се заврши за кратко време, мене идејата да го истетовирам ликот на градоначалникот ми дојде како предизвик, па му дадов околу 60 проценти попуст, бидејќи тетоважата чини 150 евра. Потребни се уште неколку мали корекции и дополнувања за да ликот биде сосема автентичен – појаснува Ризов.

Ризов е 22 – годишно момче, кое веќе две години професионално се занимава со тетовирање во своето студио. Пред тоа, две години тетовирањето му било само хоби. Раскажува дека сретнал секакви клиенти, со најразлични барања, а секогаш се трудел да ги исполни нивните желби, со цел да си заминат задоволни од студиото.

Целата сторија проследете ја на Фокус.

Loading...