Home Вести Свет Градоначалничката истрижена и офарбана (ВИДЕО)

Градоначалничката истрижена и офарбана (ВИДЕО)

Незадоволни со ситуацијата во Боливија, граѓани на Ла Паза излегоа на улиците ширум државата за да протестираат против актуелната власт.

Како главна причина за протестот демонстрантите ја наведоа наводната нерегуларност на изборите на кои Ево Моралес однесе победа.

Освен во Ла Паза, најдинамично беше во Винто каде граѓаните ја нападнаа градоначалничката Патрисија Арче, која ја извлекоа на улица, ја полеаа со црвена боја а потоа ја истрижија.

Градоначалничката Арче, членка на владеачкото Движење за социјализам, антивладините демонстранти ја сочекаа на излез од владината зграда. Ја обвинија дека регрутира симпатизери на власта кои биле носени во градот за да ги разбијат протестите.

Loading...