Home Вести Македонија Медицинска сестра од Македонија која работи во Германија открива колкава и е...

Медицинска сестра од Македонија која работи во Германија открива колкава и е платата и како заминала таму

Медицинските сестри стануваат дефицитиран кадар во здравството,бидејќи заминуваат на работа во странство,а најмногу во Германија. Дури четириесет медицински сестри за неполна година си заминале од скопскиот Клинички центар. Овие алармантни податоци неодамна ги објави Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар.

Слична е состојбата и во Градската општа болница „Осми Септември“, од каде што за неполна година си заминале 18 медицински сестри. Од Болницата велат дека има најави дека до крајот на годинава бројката ќе се искачи на 25.

Недостиг од медицински сестри има и во старата градска болница во Скопје „Св. Наум Охридски“, каде од почетокот на годинава си заминале 17 медицински сестри. Од нив девет се пензионирале, шест си заминале со спогодбено преземање и две си дале отказ.

Со цел да ја истражиме ваквата состојба, Млад фокус разговараше со повеќе медицински сестри, коишто си заминале од земјава, но и со студенти на Медицинскиот факултет, за да ги откриеме мотивите за заминувањето.

Разговаравме со медицинска сестра од Македонија, која неоддмна е иселена во Германија, во областа Баден. Таа вели дека оваа земја е вистинско „Елдорадо“ за македонскиот медицински персонал. Според неа, процесот на заминување во Германија, воопшто не е тежок, бидејќи целата работа ја бркаат германски агенции.

– Мене преку колешки ме контактираа од една германска агенција. Тие ми платија неколкумесечен курс по германски јазик и кога го положив неопходното ниво на знаење на јазикот Б2, експресно ме повлекоа во болницата во Германија со плата од 3.000 евра и обезбеден стан. Тоа е почетна плата, која е десетпати повисока од мојата плата во Македонија. А, условите за работа, тука се многу подобри- вели таа .

Целата сторија проследете ја на Фокус.

Loading...