Home Живот Доаѓа на чешма, но нема вода – така секој ден: Жителите го...

Доаѓа на чешма, но нема вода – така секој ден: Жителите го креваат гласот

Како секој друг ден, овој старец од Долно Количани и денеска дојде во џамијата пред молитвата за да земе абдест бидејќи дома нема вода. На оваа чешма дојде со надеж дека ќе најде вода но и денеска повторно се разочара.

Тој вели дека никој не се интересира за состојбата на жителите и вели дека се сретнале со градоначалникот на општина Студеничани.

Другите жители кои беа интервјуирани од ТВ21 велат дека со овој проблем се соочуваат со децении. Како опција рекоа дека ќе ги бојкотираат изборите.

Секретарот на општина Студеничани, Бурханедин Нухиу, вели дека општината подготвила два проекти и дека чекаат да ги усвои Владата бидејќи општината нема доволно финансиски средства.

Тој извести дека општинските советници дале зелено светло за двата проекта и дека сега се чека одговор од Министерството за транспорт за што има позитивни сигнали.

Целата сторија проследете ја на ТВ 21.

Loading...