Home Вести Македонија Ќе заживее ли овој бизнис во Македонија: За кило сирење и до...

Ќе заживее ли овој бизнис во Македонија: За кило сирење и до 1000 евра

Светот одамна знае и ги користи придобивките на магарешкото млеко, а во Македонија домашното автохтоно магаре е пред исчезнување. Во почетокот на 20 век имаше повеќе магариња од коњи, а денес во македонските села магарињата може да се избројат на прсти.

Ги има само во посиромашните средини каде се користат претежно за носење на товар и за земјоделски работи. Во светот, пак, одгледувањето на магарици од кои се добива магарешко млеко е вносен бизнис. На пазарот еден литар магарешко млеко достигнува цена и до 35 евра, а некои видови сирења се продаваат по цена од над 1.000 евра по килограм.

-Одгледувањето на магариња станува доста примамливо за идните инвеститори во руралните средини, поради високата цена на деликатесните производи кои се добиваат од овој вид на копитари. Тврдото сирење кое се добива од млекото од магарица е деликатес и на пазарот постигнува цена и до 300 евра за килограм.

Исто така, како деликатес се употребува и месото од млади магариња кое се зрее и се јаде живо. Ова месо се продава по многу висока цена, а особено е барано на пазарите во Европа. Млекото од магарица ретко се користи сурово, бидејќи од него се добиваат врвни квалитетни сирења кои се продаваат по многу висока цена. Ова млеко е многу корисно бидејќи го содржи протеинот – казеин, вели за весникот „Вечер„ Благојче Веселиноски, советник на министерот за сточарство и ветеринарна медицина.

Во 2019 година МЗШВ направи измени во Законот за регистрација и идентификација на домашни животни и се донесе правилник за обележување и идентификација на копитарите со електронски емитер – чип. Со завршување на оваа постапка министерството ќе има увид во бројната состојба на копитарите во државата. Овој вид на идентификација ќе послужи и на ветеринарните служби за контрола и спречување на ширење на заразни болести.

Loading...