Home Вести Дијаспора Кире од Америка: Работев три работи истовремено за да те прехранам СИНЕ,...

Кире од Америка: Работев три работи истовремено за да те прехранам СИНЕ, а ти денес не ме признаваш!

Ова е тажна приказна за таткото Кире кој речиси пред 30-тина години заминал во Америка за подобар живот. Таму морал да работи три работи за да заработи доволно и да може да го прехрани семејството. Дома се враќал преморен и исцрпен, но сепак наоѓал малку време за да си поигра со својот син.

Ваквиот живот причинил да се разведе и да го изгуби своето семејство. Тој го изгубил контактот со својот син кој пораснал без него и денес тој е само странец за него. После многу обиди, Кире најпосле се откажал, но сè уште го сака својот син и бара да му се укаже можност за да ја каже и својата страна од приказната. Тој му го честита јавно роденденот на својот син Филип иако нема никаков одговор од другата страна.

Еве го писмото на Кире:

“Денес е посебен ден за мене, денес е роденденот на син ми. Пред 25 години моите желби станаа реалност, бидејќи од кога паметам за себеси, јас имав една голема желба, да имам син. Па дури и името му го одбрав кога имав само 13 години. Иако тоа беше многу одамна, се чини ко вчера да беше. Кога тој беше само мало момче, jaс имав многу малку валку слободно време, но сепак се обидував да бидам татко.

Тој не се сеќава на тоа, затоа што тоа беше неговата прва година од неговиот живот, но тие мигови за мене се врежани во умот. Дури и кога имав многу малку време (морав да работам три работи за да го издржувам моето семејство) и кога имав слободно време јас бев исцрпен, но сепак, наоѓав сила за да си поиграм со син ми.

Како и да е, јас продолжив најдобро што можев, додека минував низ еден од најлошите периоди во животот кога морав да го изгубам моето семејство.

Како што кажав претходно, тој не се сеќава затоа што тогаш имаше 2,5 години. Сега слушам дека тој ме отфрла и за мене говори само како за биолошки татко. Тоа многу ме боли, затоа што Господ е сведок дека јас направив најдобро што можев за да бидам добар татко и се обидував толку многу пати да стапам во контакт со него.

После толку многу пати, јас едноставно се откажав. Сега тој е возрасен млад маж и тој е моја гордост, но за жал, ние не комуницираме. Тој одлучи така и има право да одлучува како што сака. Посакувам еден ден да ја слушне и мојата страна од приказната, па потоа да ми суди и да ме отфрли.

После сè јас сè уште многу го сакам и тој е мојата гордост и секогаш ќе биде во моето срце.

СРЕЌеН РОДЕНДЕН ФИЛИП, нека се исполнат сите твои желби.

Loading...